Фановите на Манчестер јунајтед побрзаа да го купат дресот на Роналдо, Адидас не може да испорача (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Кристијано Роналдо минатиот месец се врати на Олд Трафорд, Португалецот потпиша на две години со „ѓаволите“. Синоќа беше соопштено дека Премиерлигата дала зелено светло за промена на бројот, па напаѓачот ја доби 7-ката, која му припаѓаше на Единсон Кавани.

Денеска дресот беше пуштен во продажба, интересот е голем па пред Олд Трафорд имаше големи редици.

Медиумите од Англија исто така пишуваат дека Адидас има проблеми да обезбеди доволно количини.

Поради пандемијата на ковид-19, затворени се фабрики во Виетнам и се прават напори да се најде решение за што побрзо да се достави нова пратка. Одредени извори пренесуваат дека ќе бидат потребни месеци за да се стабилизира ситуацијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×