455
Во текот на
целиот летен преоден рок се шпекулираше дека Челси силно го посакува Жил Кунде
како засилување во својот тим, меѓутоа клубот од Лондон нудеше само 43 милиони
фунти, далеку од тоа што го бараше Севиља за дефанзивецот.
Договор не беше
постигнат откако Андалузијците не отстапија од бараната сума во висина од 67
милиони фунти, всушност онолку колку што изнесува откупната клаузула на Кунде.
Во Шпанија
наведуваат дека 23 годишниот Французин е доста револтиран на одлуката на клубот
да не го пушти да направи трансфер во Челси, а дури не одговарал на повиците на
спортскиот директор Мончи, ниту на тренерот Лопетеги.