Италијанскиот
прволигаш Јувентус имал опција да го ангажира ветеранот Единсон Кавани од
Манчестер јунајтед во самата завршница од летниот преоден рок, меѓутоа „Старата
дама“ ја одбила таа прилика.
Уругваецот се
соочува со голема конкуренција во нападот на „Црвените ѓаволи“ сезонава,
особено по враќањето на Кристијано Роналдо, а дополнително Кавани го загуби и
дресот со број „7“ за истиот да премине во рацете на Роналдо.
„Калчомеркато“
тврди дека 34 годишниот Кавани бил понуден на Јувентус, и покрај фактот што
потпиша договор за дополнителни 12 месеци на „Олд Трафорд“ уште во мај, а се
верува дека во Торино никогаш не го имале во предвид Уругваецот, а најмногу
поради неговата висока плата која на неделно ниво изнесува 250 илјади фунти.