Артета објасни зошто Арсенал го ангажираше Томијасу од Болоња

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Арсенал, Микел Артета изминатиов период е под голем притисок
поради очајните резултати на „Топчиите“ кои по три кола се на дното од
Премиерлигата без ниту еден освоен бод, а немаат ниту постигнато гол.

На многумина
особено чудно им падна засилувањето од Болоња со дефанзивецот Такехиро Томијасу
кој инаку е јапонски репрезентативец, а Артета тврди дека долг период ги следел
неговите настапи.

Тој е млад
фудбалер со големо искуство во Серија А, го следевме долг период, потребен ни
беше фудбалер на таа позиција, фудбалер кој може и на другите позиции во
дефанзивната линија, поседува голем капацитет во себе
“ рече Артета.

22 годишниот
Томијасу има запишано 23 настапи за селекцијата на Јапонија, а за Арсенал
потпиша договор со кој се обврза на верност со Премиерлигашот до 2025 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×