Реал Мадрид и
официјално го ангажираше 18 годишниот Едуардо Камавинга од Рен за 30 милиони
евра, а исто така одредени се и бонуси во висина од 15 милиони евра, како и да
е, тинејџерот се обврза на верност со „Кралевите“ до 2027 година.
Нема никакви
дилеми во раскошниот талент на овој фудбалер, а роден во Микоње, мало населено
место, всушност дел од бегалски камп во Ангола, тој и неговото семејство имале
тежок пат во животот.
Детството на
Камавинга не било воопшто лесно, тој бил трет од шесте близнаци, а неговата
мајка се обидела да го пренасочи кон џудо, меѓутоа неговиот татко го однел во
Драпе Фугерес, нисколигаш кој сега ќе има дел од колачот во трансферот на
фудбалерот.
Камавинга на
седум години веќе почнува со топката, а од тогаш постојано е дел од генерација
која е постара од него во младинските категории, Рен се импресионирани од
неговиот развој и талент и го водат на летен камп, каде особено привлекол
внимание.
Во 2013 година,
во периодот кога Камавинга има 11 години изгорел домот каде живееле тој и
неговото семејство, а тинејџерот тогаш добил ветувачка порака од својот татко.
„Тие загубија се’,
куќата беше како океан полн со солзи“
рече Николас Мартинаис, човекот кој беше тренер на Камавинга во младинскиот
погон.
„Наредниот ден
требаше да одам на тренинг, а фудбалот ми помогна да се опуштам, тоа беше пат
за да избегам од сето тоа, мојот татко ми рече да не се грижам, еден ден ќе
бидам одличен фудбалер и ќе успеам целата куќа да ја поправам, токму тоа ми го
кажа, јас бев надежта на ова семејство, бев мотивиран“ се присетува Камавинга.
„Се сеќавам многу
добро на тој пожар, во тие моменти бев на училиште, а пожарникарските екипи
поминуваа во брзање кон мојот дом, ги гледав од прозорецот, на крајот од часот
професорите дојдоа да ни објаснам мене и мојата сестра за тоа што се случило, потоа
дојде и нашиот татко, не одведе до куќата, се’ беше уништено“ додава тој.