„Не ми беше гајле за дресот со тој број, Ван Гал е најлошиот, а што му кажа Мурињо на Роналдо…“

by
1 минути читање

Поранешниот
фудбалер на Манчестер јунајтед, моментално член на ПСЖ, Анхел Ди Мариа тврди
дека не обрнувал многу внимание на тоа што го добил дресот со број „7“ во
редовите на клубот од „Олд Трафорд“ во минатото.

Не ми беше гајле
за дресот со број „7“ во Манчестер јунајтед, тие прво ми зборуваа околу тоа, а
тоа го правеа често, тоа беше само еден обичен дрес
“ рече Ди Мариа во изјавата
за „Либеро“, а потоа го наведе неговиот најголем проблем во Манчестер јунајтед.

Мојот проблем во
Манчестер јунајтед беше тренерот, тој е најлошиот со кого сум соработувал во
мојата кариера, ќе погодев, ќе асистирав, а наредниот ден ќе ми покажеше некое
погрешно додавање од моја страна
“ додаде Аргентинецот.

Едноставно е,
тој не сакаше фудбалерите да бидат поголеми од него
“ подвлече Ди Мариа, а откри
и дел од несогласувањата помеѓу Жозе Мурињо и Кристијано Роналдо во Реал Мадрид.

Мурињо е луд, но
со мене секогаш бил добар, тој со сите се однесуваше на еден чуден и доста
тежок начин, сеедно му беше, а еднаш имаше и судир со Роналдо откако му рече
дека не трча, туку сите останати трчаат за него
“ наведе Ди Мариа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×