Пике го истрола Реал Мадрид за Мбапе (ФОТО)

by
1 минути читање

Килијан Мбапе
многумина веќе го видоа во дресот на Реал Мадрид, меѓутоа од ПСЖ не отстапија
од ставот да не го пуштат младиот француски напаѓач кој на крајот остана во
клубот и покрај големите напори на „Кралевите“.

На крајот Мбапе
остана во ПСЖ и покрај фактот што веќе е влезен во последната година од својот
активен договор со клубот, а фудбалерот на Барселона, Џерард Пике не ја
пропушти приликата да го истрола лутиот ривал Реал Мадрид.

Стоперот објави
фотографија со наслов од весникот „Марка“ во однос на прашањето кој број на
дресот ќе го носи Мбапе во Реал Мадрид, за што Пике напиша „бројот 7“.

Кога сме веќе кај
Мбапе, „Ле Паризиен“ објави дека напаѓачот одбил да ја продолжи верноста со ПСЖ
и покрај тоа што на маса имал договор до 2024 година со плата од неверојатни 45
милиони евра по сезона, а Реал Мадрид за неговите услуги нудеше неверојатни 200
милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×