10-ката на Меси во Барса доби нов сопственик (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Лео Меси минатиот
месец стави крај на авантурата во Барселона, Аргентинецот беше подготвен да
потпише нов договор, но правилата на Ла Лига за финансиски фер-плеј не дозволија
нова соработка, па напаѓачот замина од Камп Ноу и се пресели во ПСЖ.

Изминатиов период
имаше многу гласини за тоа кој ќе ја наследи 10-ката во Барса, Филипе Кутињо
беше споменуван како опција, но на крајот изборот падна на младиот Ансу Фати.

18 годишното
момче, кое е продукт на школата, реши да превзеде одговорност и да го носи
дресот кој тежи многу.

Ансу Фати, кој во
моментов се опоравува од повреда која неколку месеци го одалечи од терените, е
најмладиот голгетер на Барселона во Ла Лига и Лигата на шампионите, и се
очекува многу од него во иднина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×