„Јас да бев на негово место ќе завршев поголема работа во Арсенал“

by
1 минути читање

Техничкиот
директор на Арсенал, како и поранешен фудбалер на тој клуб, Еду е на мета на
критики поради потезите на „Топчиите“ на трансфер пазарот, но и општо очајните резултати
под водство на Микел Артета, особено на стартот од новата сезона во
Премиерлигата каде клубот од Лондон запиша три порази.

Особено жестоки
критики кон Еду упати Пол Мерсон, кој во својата кариера има запишано 327
натпревари за Арсенал помеѓу 1985 и 1997 година, а постигна 78 погодоци.

Слободно ќе
кажам дека јас да бев на негово место би направи поголема работа од него во
клубот, би можел да се справам со два предизвика, ќе работев и како директор,
но и како фудбалер, а доколку сте успешен ќе играте и во неделите
“ рече Мерсон
за „Скај Спортс“.

Сметам дека
нивната сезона би требало да почне по интернационалната пауза, натпреварите кои
претстојат на хартија се дефинитивно за победа, ќе мораат да ги добијат, нема
сомневање во таа тема
“ додаде тој.

Артета ќе биде
под голем притисок доколку до идниот месец не испорача резултату во тимот, во
случај кога трошите такви суми на трансфери, тогаш фудбалерите ќе мораат да
прикажат добра игра и со тоа да донесат резултати за тимот
“ заклучи Мерсон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×