Марсијал одби да замине на позајмица во Лион

by
1 минути читање

Напаѓачот на
Манчестер јунајтед, Ентони Марсијал ја одбил можноста да замине на позајмица во
францускиот прволигаш Лион, односно во клубот каде всушност тргна во својата
кариера во младинска категорија.

25 годишниот
Французин ја почна новата сезона со „Црвените ѓаволи“, но и повеќе од јасно е
дека враќањето на Кристијано Роналдо во таа екипа ќе ги сведе на минимум
шансите на Марсијал за минутажа на теренот.

Откако не успеа
во намерата да го обезбеди потписот на Вилијан, Лион почнал преговори со
претставниците на Марсијал, меѓутоа напаѓачот категорично ја одбил таа опција.

Марсијал има уште
три години од својот активен договор со Манчестер јунајтед, а во истиот има и
опција за дополнителни 12 месеци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×