Барселона го потврди трансферот на Лук де Јонг од Севиља

by
1 минути читање

Антоан Гризман во Атлетико Мадрид, а Лук де Јонг од Севиља во Барселона, така заврши преодниот рок кога каталонскиот клуб е во прашање.

„Барселона и Севиља постигнаа договор за позајмица на Лук де Јонг до 30 јуни 2022. Барселона ќе му ја плаќа платата на фудбалерот и има опција трансферот да го направи перманентен“, стои во соопштението на Барса.

Лук де Јонг за Севиља има одиграно 69 натпревари во Ла Лига и постигнато 10 голови и две асистенции.

Тој во шпанското првенство пристигна од ПСВ Ајндховен за кој има дадено 122 голови на 204 натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×