Мбапе одбил да заработува повеќе од Меси и Нејмар, сака да си оди од ПСЖ

by
1 минути читање

ПСЖ одбива да
слушне за продажба на Килијан Мбапе, но очигледно и играчот има исто толку цврст
став да замине од Париз.

Според пишувањата
на Ле Паризиен, „светците“ сакале да го направат напаѓачот најплатен фудбалер
во составот но и светот. На Килијан Мбапе му били понудено да заработува повеќе
од Лео Меси и Нејмар, на маса биле ставени 45 милиони евра по сезона за
соработка до 2024, но Французинот го одбил предлогот.

Доколку ништо не
се промени во следните месеци, Килијан Мбапе следното лето беспари ќе замине од
ПСЖ.

Реал направи
напор да го донесе уште ова лето, достави неколку понуди (160 милиони, 180
милиони и 200 милиони евра) но од Катар имаше само молк.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×