181
Барселона и Атлетико Мадрид преговараат за враќање на Гризман и се блиску до договор.
Французинот треба да оди на позајмица во Атлетико Мадрид со обврска да биде комплетно откупен следното лето.
Замена за Гризман треба да биде Лук де Јонг од Севиља. И тие преговори се во завршна фаза.
Холандскиот фудбалер ги договорил личните услови со Барса, а на пат се и двата клуба да си подадат рака. Се уште не е јасно за каков модел на трансфер се одлучиле.