Реал го потврди трансферот на Камавинга, Рен мора да се задоволи со далеку помалку од 100-те милиони кои ги бараше

by
1 минути читање

Пристигна потврда
на гласините кои се појавија доцна синоќа, Реал Мадрид го ангажираше Едуардо
Камавинга, 18 годишното момче се обвраз кон „кралевите“ до 30. јуни 2027
година.

Детали од
зделката не беа откриени, а низ медиумите има различни информации за висината
на трансферот.

Едни извори велат
дека се работи за трансфер вреден 30 милиони евра, плус додатни 15 милиони евра
во бонус. Други извори пак пишуваат за зделка од 31 милион евра, плус додатни 9
милиони евра во боуси.

Во двата случаи,
сумите се далеку помали од она што Рен го бараше пред 12 месеци, кога постави
цена од високи 100 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×