306
Речиси 20 милиони
фунти Арсенал ќе исплати на Болоња како обештетување за ангажман на 22
годишниот дефанзивец Такехиро Томијасу, а освен како централен стопер,
Јапонецот може да игра и на десната бековска позиција.
Се верува дека за
услугите на Томијасу интерес имал пријавено и лутиот градски ривал на Арсенал,
Тотнем, клуб кој наводно ја доби битката со својот ривал за Емерсон Ројал од
Барселона.
Кога сме веќе кај
Арсенал, вреди да се додаде дека бекот Ектор Бељерин е пред заминување на
позајмица во шпанскиот прволигаш Бетис, со опција и за целосен откуп на
неговиот договор со важност до 2023 година.