Роналдо се врати на Олд Трафорд, Португалецот повторно ќе го носи црвениот дрес на Манчестер јунајтед. Брзо по објавата неговиот трансфер тој објави емотивен пост.
„Секој кој ме знае, знае за мојата вечна љубов кон Манчестер јунајтед. Годините кои ги поминав во овој клуб беа апсолутно неверојатни и патот кој го поминавме заедно е испишан со злалтни букви во историјата на оваа голема и неверојатна институција“, вели Роналдо.
„Не можам ниту да почнам да ги објаснувам моите чувства во моментов, кога гледам дека моето враќање на Олд Трафорд е објавено до цел свет. Ова е како остварување на сонот, по сите наврати кога доаѓав да играм против Манчестер јунајтед и дури како протвник секогаш да ја чувствував љубовта и почитта на навивачите на трбините. Ова е нешто за кое само се сонува“.
„Мојата прва домашна титула, мојот прв куп, мојот прв повик за португалскиот национален тим, мојата прва Лига на шампиони, мојата прва златна копачка, мојата прва златна топка, сите тие беа родени од оваа посебна поврзаност меѓу мене и Црвените ѓаволи. Историјата беше пишувана во минатото и ќе биде пишувана уште еднаш! Го имате мојот збор“.
„Тука сум! Назад сум мкаде припаѓам! Ајде да направиме да се случи уште еднаш“.
„ПС. – Сер Алекс, ова е за тебе…“, напиша Роналдо.