152
Се верува дека
Јувентус и натаму притиска за ангажман на Мауро Икарди, а доколку Килијан Мбапе
одлучи да остане во ПСЖ, едно такво сценарио ќе го олесни посакуваното сценарио
за „Старата дама“.
Јувентус се чини
дека нема да застане со ангажман на Моисе Кин од Евертон, а повеќе од веројатно
е дека италијанскиот напаѓач нема да биде единствениот кој би го заменил
Кристијано Роналдо во Торино.
„Газета дело
Спорт“, но и „Скај Спорт Италија“ пренесоа дека Јувентус веќе е во преговори со
ПСЖ за Икарди, меѓутоа воопшто нема да биде лесно да се дојде до потписот на
аргентинскиот напаѓач кој и претходно се поврзуваше со трансфер во редовите на
„Старата дама“.