Само два месеци
откако беше претставен во нов фудбалер на Барселона, откако Каталонците ја
искористија опцијата за враќање на Емерсон Ројал од Бетис, Бразилецот сега е на
излезна врата од „Камп Ноу“, а се шпекулира дека е близу трансфер во Тотнем.
Емерсон во јуни
се врати на „Камп Ноу“ откако Каталонците на Бетис му исплатија 9 милиони евра
обештетување на Бетис, каде играше две сезони на позајмица, а сега би можел да
си замине за околу 30 милиони евра.
Иако постоеше
можност за еден вид трампа каде Серж Орие од Тотнем би можел во Барселона, а од
таму во спротивен правец токму Емерсон, до тоа нема да дојде, а повеќе од јасно
е дека Каталонците, кои се наоѓаат во тешка ситуација од финансиски аспект, ќе
се задоволат само со кеш.
Барселона
истовремено ја прифати понудата и за 18 годишниот Илаиш Мориба кој за 15
милиони евра ќе се пресели во редовите на Салцбург, а со тоа што Каталонците ќе
заработат близу 50 милиони евра од продажба на фудбалери во самата завршница од
летниот преоден рок, тоа ќе значи голема помош за клубот.