Жиру по стапките на Балотели, Милан убедлив против Каљари (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Избраниците на Пиоли вечерва се радуваа на нов триумф, Милан со 4-1 го совлада Каљари на Сан Сиро.

Резултатот го отвори Тонали во 12. минута, фудбалерот од средниот ред прекрасно погоди од слободен удар за 1-0. Водството на домаќините кратко траеше, во 15. минута Жоао Педро го проигра Деиола, кој со глава го матираше Мањан за 1-1.

Сепак, Милан експресно се врати во прдност и тоа со голема доза на среќа. Леао биеше, топката го удри Брахим Диаз во грбот, го промени правецот и заврши во мрежата на гостите за 2-1. Шпанецот одигра клучна улога и во третиот погодок на „росонерите“, во 24. минута од мечот, Диаз повлече по средина и му асистираше на Жиру за 3-1.

Во финишот на првиот дел, еден удар од далечина на Диаз беше блокиран од Стротман со рака, судијата со помош на ВАР покажа на белата точка а Жиру прецизно ја изведе најстрогата казна за 4-1.

Па Оливие Жиру стана првиот играч по Марио Балотели во 2013 кој на својот прв домашен натпревар во дресот на Милан во Серија А постигнал два или повеќе погодоци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×