Влаховиќ остана во Фиорентина и покрај големите понуди од Тотнем и Атлетико Мадрид.
Српскиот напаѓач синоќа беше стрелец за Фиорентина во победата од 2-1 над Торино.
„Целиот стадион го пееше моето име, сонував за вакво нешто од дете, трогнат сум“, вели 21-годишниот напаѓач.
„Мислам дека сум на вистинскиот пат, но мора да работам напорно со понизност и посветеност. Фокусиран сум и не смеам да размислувам дека веќе сум постигнал нешто големо, тоа би било грешка. Ќе има подеми и падови, но ќе давам се од себе за клубот, градот, навивачите, тренерот…“.
Влаховиќ важи за еден од најдобрите млади напаѓчи, синоќа италијанските медиуми го споредија со Халанд, но тој вели да не го прават тоа.
„Не сакам споредби. Халанд постигнува по десет гола во Лигата на шампионите, три години игра во тоа натпреварување. Се надевам дека некогаш ќе го достигнам, но сега морам само да работам. Ги следам најдобрите напаѓачи“.