Шефот на
стручниот штаб на Ливерпул, Јирген Клоп упати серија пофалби на сметка на Челси
во пресрет на нивната меѓусебна пресметка со Томас Тухел денеска.
Предводникот на
Челси пак, истакна дека со нетрпение го очекува стартот на големото дерби, а
подвлече дека истото нема да биде сведено само на Ван Дајк против Лукаку, туку
општо Ливерпул против Челси.
„Стрес тестот е
на Енфилд, едвај чекам да започне мечот, истовремено истото го очекуваат и
многумина љубители на фудбалот, навивачите…“ рече Тухел.
„Ова нема да биде
Ван Дајк против Лукаку, тоа ќе биде генерално Ливерпул против Челси, но секако
за Ромелу ова ќе биде голем предизвик, тој посакува натпревари од ваков
карактер, а затоа ние имаме големи очекувања од него сега“ додаде германскиот
фудбалски стратег.