Роналдо можеби нема да го носи дресот со број 7 во Премиерлигата

by
1 минути читање

Според Дејл Џонсон, новинар на „ЕСПН“, во Премиерлигата правилото М.5 го регулира носењето на дресовите, а тоа може да му направи проблем на Роналдо да ја добие „седмицата“ од Кавани.

Правилото гласи дека играчот мора да ја доигра сезоната со бројот со кој ќе биде регистриран за таа сезона.

Манчестер јунајтед го регистрираше Кавани со број 7 и според ова правило тој не би можел да земе друг број и својот да му го даде на Роналдо.

Роналдо би можел да го добие бројот 7 само доколку Кавани си оди или доколку Премиерлигата направи исклучок за овој случај, кој досега не е направен.

Роналдо ќе може да го носи бројот 7 во Лигата на шампионите бидејќи таму списоците уште не се затворени.

Се случувало фудбалери на Манчестер јунајтед во минатото да носат различни бројки во Премиерлигата и Лигата на шампионите.

Пример во 1998-99 Вес Браун носеше 24 во Премиерлигата, а 30 во Лигата на шампионите.

Во 2017-18, Мхитарјан носеше 7 во Премиерлигата, а 77 во Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×