Откриени детали од трансферот на Роналдо во Манчестер јунајтед, Јувентус има загарантирани 20 милиони

by
1 минути читање

Кристијано
Роналдо се враќа на Олд Трафорд откако Манчестер јунајтед денеска за кратко
време се договори со Јувентус и со Жорж Мендеш ги испегла деталите од
соработката со ЦР7.

Јувентус бараше
помеѓу 25 и 30 милиони евра за да не прикаже загуба во билансите, а според новинарот
Фабрицио Романо, двата клуба си подале рака за трансфер од 15 милиони евра,
плус додатни 8 милиони евра во бонуси.
Поголемиот дел од овие бонуси се лесни, па
„старата дама“ ќе има загарантирани 20 милиони евра.

Што се однесува
до платата на Кристијано Роналдо, неколку извори пишуваат дека ЦР7 ќе
заработува 30 милиони евра годишно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×