Кој друг ако не Сер Алекс, Ферги утрово му се јавил на Роналдо и го убедил да се врати во Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Денеска се случи голем пресврт кога е во прашање иднината на Кристијано
Роналдо, откако се денови се говореше за негов трансфер во Сити и се пишуваше
дека тој со една нога е во сината половина на Манчестер, во последен
момент пристигна понуда од Манчестер јунајтед и Португалецот се враќа на Олд
Трафорд.

Медиумите од Англија пренесуваат дека голема заслуга за ваквиот развој на
настаните имал Сер Алекс Фергусон.

Легендарниот Шкот кога разбрал дека Кристијано Роналдо е на пат да потпише
за Манчестер Сити, не сакал да го види напаѓачот во дресот на лутиот градски
ривал, па утринава му се јавил и го убедил дека треба да се врати дома.

Сер Алекс Фергусон е еден од клучните луѓе во кариерата на Кристијано
Роналдо,
го ангажираше како тинејџер и го трансформираше во еден од најдобрите
фудбалери во светот, ЦР7 го цени многу и го смета за татко.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×