Гвардиола: Роналдо ќе одлучи каде ќе игра!

by
1 минути читање

До пред неколку часа се веруваше дека Кристијано Роналдо со една нога е во
Манчестер Сити, но во последно време почнаа да се појавуваат гласини за враќање
на ЦР7 на Олд Трафорд, Оле Гунар Солшер ја отвори вратата на Манчестер јунајтед
за Португалецот.

Прашањето за иднината на Кристијано Роналдо беше неизбежно и на прес
конференцијата на Пеп Гвардиола, кој одби да потврди дека „граѓаните“ ќе го
ангажираат напаѓачот.

„Има уште три-четири дена до крајот на трансфер пазарот и се може да се
случи. Но од мое лично искуство, има неколку играчи како Роналдо и Меси, кои
сами одлучуваат каде ќе играат и тие се главни во преговорите“
– вели тренерот на Сити.

„Во овој момент јас сум повеќе од задоволен од составот кој го имам на
располагање“. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×