178
Изминативе денови
силно се шпкулира за трансфер на Кристијано Роналдо во Манчестер Сити, но во
трката сега се приклучува и Манчестер јунајтед, барем доколку се суди од она
што Оле Гунар Солшер го изјави на денешната прес конференција.
„Секогаш сме
имале добра комуникација со Кристијано Роналдо. Бруно исто така разговара со
него и тој знае што чувствуваме за него. Доколку реши да замине од Јувентус,
знае дека сме тука“ – вели Норвежанецот.
„Кристијано е
легенда на овој клуб, најдобар на сите времиња доколку ме прашате мене. Имав
среќа да играм со него. Имав прилика на кратко и да му бидам тренер, па ајде да
почекаме и да видиме што ќе се случи“.