Навивачите на
Реал Мадрид сигурно добро се сеќаваат на презентацијата на Кристијано Роналдо
во 2009 година, а нешто слични се воедно и очекувањата за очекуваната
презентација на Килијан Мбапе.
Во Реал Мадрид се
надеваат дека Мбапе нема да биде во составот на ПСЖ за претстојното гостување
кај Реимс во недела, по што трансферот на Французинот би можел да биде
официјализиран тој ден, или најдоцна идниот.
Потоа Мбапе е
предвидено да се приклучи на францускиот национален состав за време на
интернационалната пауза, а „Кралевите“ ќе имаат доволно време за подготовка на
презентацијата, за која имаат две опции.
Со оглед на
потребните протоколи за заштита од коронавирусот, Реал Мадрид би преферирал
презентацијата да се случи на отворен простор за да се дозволи поголема бројка
навивачи, а ова сценарио би можело да се случи помеѓу 9 и 10 септември.
Второто сценарио
е Мбапе да биде презентиран на 11 септември на нивниот прв меч на реновираниот
„Сантијаго Бернабеу“, каде би имало лимитиран број во однос на капацитетот
поради рестрикциите за ковид-19.