Што рече Роналдо кога во 2015 кога прашаа за трансфер во Манчестер Сити (ВИДЕО)

by
1 минути читање

ЦР7 до крајот на
преодниот рок треба да го напушти Јувентус и да се врати во Премиерлигата.
Португалецот ќе го облече дресот на Манчестер Сити, лутиот ривал на Манчестер јунајтед,
па многумина веруваат дека Кристијано Роналдо прави големо предавство.

Медиумите сега
потсетија на една изјава на напаѓачот од 2015, кога во интервју со БиБиСи беше
запрашан за можноста да се пресели на Етихад Стадионот.

„Манчестер Сити
сега може да потроши многу пари на големи играчи. Дали е можно еден ден, доколку
добиеш права понуда, да заиграш за нив? Или од почит кон Манчестер јунајтед…“

– праша новинарот.

Кристиајно
Роналдо без да чека новинарот да заврши, со насмевка на лицето рече: „Мислиш
дека парите ќе ме предомислат сега, на 30 години? Мислам дека нема. Ако се во
прашање пари, ќе одам во Катар. Тие имаат повеќе пари од Манчестер Сити. Но не
се работи за пари, се работи за пасија“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×