Заниоло со големи емоции го прослави голот: Многу работи ми поминаа низ глава… (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Николо Заниоло имаше две тешки повреди поради кои многу долго време беше надвор од теренот. Оваа сезона се враќа, а синоќа го постигна и првиот гол.

„Многу работи поминаа низ мојата глава. Сите денови на рехабилитација, целиот тој пат низ кој поминував, секој момент кога седев на трибините и ги гледав моите соиграчи како играат. Многу работи“, објаснува Заниоло.

„Навистина сум пресреќен. Се надевам дека ова е старт на ново поглавје. Сакам да се заблагодарам на мојата фамилја, на сите кои ми даваа поддршка во овие тешки моменти. Саккам да им се заблагодарам на сите, на персоналот, тренерот, клубот. Навистина сум многу среќен“.

Заниоло нема да игра во недела против Салернитана затоа што доби црвен картон на мечот со Фиорентина, па Жозе Мурињо му дал два дена одмор, но тој ги одбил, сакал да биде со тимот.

„Да, одбив. Веќе имав многу денови одмор. Шала на страна, јас сум фудбалер на Рома и ќе бидам со тимот без разлика што не можам да играм во Салерно викендов. Тренинзите ќе ги работам со 200 на час, нема да се штедам, тоа е начинот на кој сакам да работам и начинот на кој сакам да му испратам порака на остатокот од составот“.

Заниоло зборуваше и за неговиот однос со Мурињо.

„Од првиот ден кога тој дојде во Тригорија, навистина ми даде поттик. И мене и на целиот состав“.

„Тој е неверојатен тренер. Со секој изминат ден ни помага, ни дава победнички менталитет, никогаш да не се предаваме, да го даваме најдоброто од себе што го имаме. Кога имате потешкотии на теренот и ќе го видите Мурињо крај аут линијата ви дава енергија и фановите исто, трчате полесно. Сакаме да продолжиме вака“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×