Откако ПСЖ експресно ја одби понудата од 160 милиони евра на Реал Мадрид, кралскиот клуб денеска повторно трорпна на вратата.
Новата понуда на Реал Мадрид е 170 милиони евра плус 10 милиони евра в бонуси.
Информациите велат дека ова ќе биде и последната понуда на Реал Мадрид. Ако ПСЖ ги одбие тие ќе го добијат Мбапе како слободен играч следното лето.
Килијан Мбапе има само една желба, трансфер во Реал Мадрид или ова или следното лето.
Претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи кој денеска беше на ждрепката за ЛШ, за БеИН спорт го повтори својот став: „Јас сум многу јасен, ние сме многу јасни. Ставот на клубот е многу јасен. Нема ништо да промениме од тоа“.
Ставот на ПСЖ е дека нема да го продадат Мбапе за помалку од 200 милиони евра, дури некои зборуваат и за 230 милиони евра.
Ако останат тврди на својот став, а Реал Мадрид не дојде со нова понуда, тоа значи дека Мбапе и оваа сезона ќе остане во ПСЖ.