Роналдо се договорил со Сити, „граѓаните“ на Јувентус му го понудиле Стерлинг

by
1 минути читање

Кристијано
Роналдо со една нога е во Манчестер Сити, како што пренесува АС, ЦР7 и
„граѓаните“ начелно постигнале договор, Португалецот треба да потпише до 2023
година и да заработува 15 милиони евра нето по сезона, иако е потребно да се
испеглаат уште некои детали.

Весникот вели
дека сега Манчестер Сити треба да се договори со Јувентус, „старата-дама“ бара
25-30 милиони евра да го продаде офанзивниот фудбалер.

Шампионот на
Англија не сака да ја плати оваа сума и преферира да понуди играч во замена.
Јувентус е подготвен за трампа, но позициите на двата клубови се различни.

„Старата дама“ го
бара Габриел Жесус, играч кој не е на продажба според Пеп Гвардиола. Манчестер
Сити пак го нуди Рахим Стерлинг, кој не е по мерак на Јувентус, „бјанконерите“ сакаат
да донесат напаѓач а не крило.

За трансфер на
Кристијано Роналдо во Манчестер Сити пренесе и португалскиот новинар Гонсалво Лопес,
кој на Твитер напиша дека „Роналдо во Манчестер Сити е завршена работа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×