Интер му ја исполни
желбата на Симоне Инѕаги, тренерот го побара Хоакин Кореа за засилување на
нападот, и по долги преговори со Лацио, „нероаѕурите“ оваа недела пронајдоа
заеднички јазик со Клаудио Лотито.
„Интер е
задоволен што може да го потврди трансферот на Хоакин Кореа. 27 годишниот
напаѓач пристигнува на позајмица од Лацио, со обврска во целост да биде купен“ –
гласеше известувањето на шампионот на Италија.
Лацио исто така
го потврди трансферот и откри повеќе детали. Интер за позајмицата ќе одвои 5
милиони евра, плус 1 додатен милион во бонуси. Откако ќе се исполнат одредени
услови, ќе се активира обврската „нероаѕурите“ да го купат Хоакин Кореа за 25
милиони евра, сума која ќе биде платена во период од три години.