По долги
преговори, Челси и Вест Хем си подадоа рака за трансфер на Курт Зума,
„чеканите“ се сложија да платат околу 25 милиони фунти (околу 30 милиони евра).
Сепак, синоќа се
појавија информации дека зделката може да пропадне, Курт Зума и Вест Хем не
можеле да се договорат за висината на платата, а проблем било и тоа што
премногу посредници преговарале за реализација на трансферот.
Челси не сака
вакво сценарио со оглед на тоа дека зделката им е многу важна во намерите да го
донесат Жул Кунде од Севиља, па Марина Грановскаја решила да го компензира Курт
Зума за тоа што ќе заработува помалку во Вест Хем.
Директорката на
„сините“ му ветила две исплати на дефанзивецот, првата ќе биде пет дена по
комплетирањето на трансферот, а втората следното лето.
Па Курт Зума денеска
е на лекарски прегледи со „чеканите“ и се очекува во скоро време да го
комплетира трансферот.