627
Јувентус сакаше да го добие Габриел Жесус ако Роналдо оди во Манчестер Сити, но Пеп Гвардиола нема намера да се откаже од Бразилецот.
Според „Газета дело Спорт“, Јувентус почнал да ги разгледува опциите за нов напаѓач и има листа од тројца кандидати.
Тоа се Мауро Икарди, Моисе Кин и Лука Јовиќ.
Јувентус ќе инсистира на брзо решавање на иднината на Роналдо со цел и тие да имаат време да донесат замена за него ако тој си замине.