Пике ги откупи правата за „Лиг 1“ во пресрет на дебито на Меси

by
1 минути читање

Правата за
емитување на натпреварите од француската „Лиг 1“ во Шпанија се откупени од
страна на компанијата на Џерард Пике, „Космос Холдинг“, а сето тоа во пресрет
на дебито на Лионел Меси во дресот на ПСЖ во недела.

ПСЖ во второто
коло од најсилниот француски фудбалски шампионат гостува кај Реимс во вечерниот
термин од 20,45 часот, а кога сме кај тв правата за Шпанија, претходно истите
ги поседуваше „Мувистар“, сега компанијата на Пике ги има истите за наредните
три години.

Поранешниот
соиграч на Пике од Барселона, Меси се одлучи за преселба во ПСЖ каде ќе игра
заедно со својот добар пријател Нејмар, со кого исто така играа заедно во
дресот на Каталонците.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×