Леви е на потег: Кејн сега ќе бара највисока плата во Премиерлигата

by
1 минути читање

„Тајмс“ извести
дека првата ѕвезда на Тотнем, напаѓачот Хари Кејн се помирил со судбината во
моментов и го прифатил фактот дека Манчестер Сити нема да ја исплати бараната
сума од страна на Даниел Леви во висина од цели 150 милиони фунти за негов
трансфер.

Меѓутоа, медиумот
додава дека сега напаѓачот ќе има одредени свои барања кон првиот човек на „Спарси“
периодот кој претстои, а наводно ќе побара неделна плата од 400 илјади фунти.
Се верува дека Кејн добил зголемување на платата ланското лето откако клубот
одби да го продаде, а наводно во моментов има неделна плата од 300 илјади
фунти.

Со таа плата Кејн
би станал најплатениот во Премиерлигата, ако се земе во предвид дека нешто
помалку од тоа заработуваат Кевин Де Брујне (386 илјади фунти) во Манчестер
Сити, односно голманот на Манчестер јунајтед, Давид Де Хеа (375 илјади фунти).

Се верува дека „Спарси“
не би имале ништо против подобри услови за 28 годишниот напаѓач, односно
зголемување на неговата заработувачка, меѓутоа само во случај истото силно да биде
поврзано со бонусите, вклучувајќи ги погодоците.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×