Артета во Обамејанг гледа светлина во тунелот

by
1 минути читање

Арсенал тргна
доста лошо во новата сезона од Премиерлигата откако по воведните две кола
запиша исто толку и порази, односно од Брентфорд и Челси, а за ситуацијата да
биде уште потешка за „Топчиите“ следи гостување кај шампионот Манчестер Сити
претстојниов викенд.

Сепак, Арсенал
синоќа запиша убедлива победа од 0-6 кај ВБА во Карабао купот, а Пјер-Емерик Обамејанг
имаше свое шоу откако постигна хет-трик, а запиша и една асистенција, што за
тренерот на „Топчиите“, Микел Артета е добра увертира за тоа што следи.

Очигледно дека
враќањето на навивачите може да придонесе за разлика во перформансите на
Обамејанг, се надевам дека така ќе биде, очигледно е дека тој е многу посреќен
во таква ситуација, потребна му е оваа конекција со луѓето, семејството,
пријателите, навивачите…
“ рече Артета.

Можевте да ја
проследите интеракцијата кога го напушташе теренот, а јас сметам дека сево ова
е позитивно за него
“ додаде тој.

Обамејанг откако
се здоби со зараза со ковид, да добие минутажа и да постигне три погодоци за
неговата самодоверба е одлично, генерално, ова беше прекрасна вечер
“ подвлече
шпанскиот фудбалски стратег.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×