Реал Мадрид се враќа на „Сантијаго Бернабеу“

by
1 минути читање

Реал Мадрид го реновира стадионот и комплетниот изглед се очекува да биде пред крајот на 2022 година.

Но Реал Мадрид веќе од 11. септември ќе се врати на „Сантијаго Бернабеу“ и таму ќе ги игра натпреварите.

Работата на стадионот ќе продолжи и понатаму, таа ќе се одвива меѓу натпреварите, но тој е донесен во фаза која е безбедна и за присуство на навивачи и за фудбалерите да можат да играат.

Првиот натпревар на кој Реал Мадрид ќе игра на Бернабеу е дуелот со Селта на 11. септември и според сегашните мерки ќе може да се наполни 40 проценти од капацитетот со навивачи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×