Трета среќа: Јувентус го ангажира играчот кој во 2017 ги одби за милионите од Кина!?

by
1 минути читање

„Старата дама“ до
крајот на преодниот рок може да остане без Вестон Мекени, неколку клубови од
Премиерлигата пројавуваат интерес за Американецот, па Јувентус разгледува
потенцијални замени доколку фудбалерот од средниот ред биде продаден.

Според новинарот Џанлука
Ди Марцио, Аксел Витсел е едно од имињата кои на ум ги имаат директорите на
„бјанконерите“.

Интересно,
фудбалерот од Белгија два пати претходно беше многу блиску до трансфер во
Торино.

Летото во 2016,
во последниот ден од преодниот рок, Аксел Витсел пристигна во Торино на
лекарски прегледи, седеше во канцеларијата на Јувентус и чекаше зелено светло
да стави потпис на договорот. Сепак, Зенит во 5 до 12 се предомисли, па играчот
мораше да се врати во Русија.

Шест месеци
подоцна, Јувентус одново тропна на вратата на Зенит, но повторно извиси. Аксел
Витсел доби понуда од Далечниот Исток која не се одбива, односно годишна плата
од 18 милиони евра, па мораше да го одбие Јувентус и да го одбере милионите од
Кина.

Беше навистина
тешка. Од една страна имав понуда од одличен клуб како Јувентус, а од друга
страна имав понуда за моето семејство која едноставно не можев да ја одбијам. Раководството
на Јуве се однесуваше џентлменски, па можам само да им бидам благодаран. Ќе
продолжам да навивам за Јувентус, кој знае, можеби во иднина патиштата ќе ни се
сретнат!”
– рече тогаш Аксел Витсел.

Останува да се
види дали ќе биде трета среќа за Јувентус и фудбалерот од Белгија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×