Рајола не се штедел во барањата кон Челси во преговорите за Халанд

by
1 минути читање

Напаѓачот на
Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд постојано се поврзуваше со разни шпекулации
околу неговата иднина изминатиов период, а иако се веруваше дека уште ова лето
би можел да си замине, сепак, се претпоставува дека немало ништо конкретно.

Еден од клубовите
кои се поврзуваше со младиот Норвежанец е Челси, меѓутоа европскиот клупски
првак на крајот го ангажираше Ромелу Лукаку од Интер, а повеќе од веројатно е
дека причината зад таквата одлука е во лудите барања на агентот на Халанд,
контроверзниот Мино Рајола.

Според пишувањата
на „Билд“, Рајола барал неделна плата од цели 820 илјади фунти за својот клиент
во преговорите со Челси, а побарал и цели 34 милиони фунти за себе за
реализација на тој трансфер, што Челси вкупно за петгодишен договор со фудбалерот
би го чинело 275 милиони фунти.

Халанд наводно
има откупна клаузула во висина од 68 милиони фунти во неговиот договор со
Борусија Дортмунд, која би се активирала идната година.

21 годишниот
напаѓач запиша 41 погодок во исто толку одиграни натпревари за „Милионерите“
ланската сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×