319
Италијанскиот
првак Интер е близу до комплетирање на трансферот на Жоакин Кореа од Лацио,
меѓутоа, претходно „Нероаѕурите“ се обиделе да го ангажираат Тимо Вернер од
Челси.
Германскиот
напаѓач наводно ја одбил можноста за преселба во Интер, а решил да остане во
Челси, иако Премиерлигашот го ангажираше Ромелу Лукаку од Интер, со тоа што
минутажата на Германецот за очекување е да биде намалена во тековната сезона.
25 годишниот
Вернер постојано е мета на критики поради честите промашувања на зицери во
дресот на Челси, а изминатата сезона постигна 12 погодоци на 55 настапи за
клубот.