Клубовите од најдобрите пет првенства досега во пандемијата загубија 2,5 милијарди евра

by
1 минути читање

Познато е дека фудбалските
клубови од финансиска гледна точка забележаа голема загуба и влегоа во сериозна
финансиска криза предизвикана од пандемијата со ковид-19.

Генерално, дури
2,5 милијарди евра загубиле клубовите од најсилните пет фудбалски првенства во
Европа на денот на предвидените натпревари.

Анализите покажаа
дека најголема загуба пријавила германската Бундеслига, со тоа што ова
првенство има најголема бројка просечни гледачи по натпревар во светот (42.000), речиси 160 милиони евра, а на клупско ниво се споменуваат Барселона и Реал Мадрид со 39, односно 35 милиони евра.

Анализите
покажуваат дека новата сезона која веќе започна ќе понуди само делумно враќање
на големиот број загуби на клубовите, ако се земе во предвид дека Англија
дозволи целосна исполнетост на стадионите периодов, Шпанија до 40%, а Италија
50% исполнетост на гледалиштата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×