Манчестер Сити се
подготвува за последниот поход кон потписот на Хари Кејн во летниот преоден
рок, а „Граѓаните“ сигурно во периодот кој претстои ќе настапат со подобра
понуда за ангажман на напаѓачот на Тотнем.
Првиот човек на „Спарси“,
Даниел Леви остана на својот став дека првата ѕвезда на таа екипа не е на
продажба за ова лето, а дел од медиумите на Островот веќе известија дека
останатите челници на Тотнем се убедени во тоа дека полека но сигурно ја
добиваат битката за Кејн да остане во тимот.
Како и да е, во
Манчестер Сити силно веруваат дека 28 годишниот Кејн посакува трансфер на „Етихад“
арената, а од таму ќе се обидат оваа дилема да ја решат до крајниот рок идниот
вторник кога истекува рокот за трансфери овој летен преоден рок.
Евентуален
трансфер на Кејн би го срушил рекордот на еден британски фудбалер како оној на
Џек Грилиш пред извесен период во Манчестер Сити од Астон Вила вреден 100
милиони фунти, а се верува дека засега „Граѓаните“ се расположени да издвојат
120 милиони фунти, а речиси сигурно е дека ќе понудат и некој фудбалер од
својот ростер.