Ништо од Белоти, Интер ќе му ја исполни желбата на Инзаги, договорен е трансферот на Кореа

by
1 минути читање

Покрај Џеко, Интер имаше одлучено да донесе уште еден напаѓач, се поврзуваше со Запата, Белоти и Кореа.

Желба на Симоне Инзаги беше Кореа, Интер направи напор да дојде до неговиот потпис и според италијанските медиуми успеа во тоа.

Лацио првично бараше 40 милиони евра за Кореа, па 35, на крајот попушти уште еднаш и ќе му го продаде на Интер за 31.

Според „Скај Спорт Италија“ и „Тутомеркатовеб“, тоа ќе биде позајмица од 5 милиони евра со обврска да биде купен за уште 23 милиони евра плус 3 милиони евра во бонуси.

Според „Спортиталија“ сумата е 30 милиони евра плус 1 милион евра во бонуси, а трансферот ќе биде плаќан на три рати.

Лацио имаше подобра понуда од Евертон за Кореа, но 27-годишниот фудбалер не сакал да ја напушти Серија А.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×