ПСЖ веднаш ја одбил понудата од 160 милиони евра за Мбапе!

by
1 минути читање

Вечерва беше објавено дека Реал Мадрид доставил понуда за услугите на Килијан Мбапе, „кралевите“ на маса ставиле 160 милиони евра.

Сумата е прилично висока доколку се земе во предвид дека Французинот ја одработува последната сезона од договорот и за 12 месеци може беспари да замине од Париз.

Но и покрај тоа, ПСЖ не размислува за продажба. Новинарот Жулиан Мајнар, кој е близок до Килијан Мбапе, објави дека понудата на Реал Мадрид е одбиена.

Новинарот Жулиан Лорен исто така пренесе дека „светците“ одговориле негативно, и порачале дека ќе го одбијат и следниот побогат предлог.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×