Братот на газдата на ПСЖ најавува нова бомба: Меси и Роналдо ќе играат заедно? (ФОТО)

by
1 минути читање

Членот на семејството кое го води ПСЖ, Калифа Бин Хамад Ал-Тани прв го најави трансферот на Меси на социјалните мрежи, а сега има друго нешто да каже.

Шеикот објави слика од Меси и Роналдо и напиша: Можеби?

Ова можеби е најава за новата голема трансфер бомба, Кристијано Роналдо во ПСЖ.

Се поголеми се шпекулациите дека Мбапе ќе оди во Реал Мадрид, а на негово место во ПСЖ ќе дојде Кристијано Роналдо.

Досега ваквите сценарија ги пишуваа медиумите, а ова е првпат да доаѓа од член на фамилијата која го води ПСЖ.

Можеби ќе треба да се подготвиме за сезона во која Меси и Роналдо ќе играат заедно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×