Поранешен директор на Јувентус: Трансферот на Роналдо беше грешка, колку побрзо си замине, толку подобро

by
1 минути читање

Името на Кристијано Роналдо секој ден е дел од трансфер шпекулациите, се говори ЏР7 сака да го напушти Јувентус, Жорж Мендеш се обидува да му најде нов клуб, но до овој момент нема пристигнато понуда од ниту еден клуб.

Поранешниот директор на Јувентус, Џовани Коболи Џиљи вели дека најдобро за „бјанконерите“ е што порзо да се разделат со ЦР7 и да го обноват договорот на Пауло Дибала.

„Неколку пати кажав дека трансферот на Роналдо е грешка. Невозможно е да се врати инвестицијата. Да, тој е голем фудбалер, но морам да бидам искрен, колку побрзо замине, толку подобро и за него и за Јуве“ – вели Коболи Џиљи, кој беше на чело на „старата дама“ од 2006 до 2009.

„Јувентус треба да го обнови договорот на Дибала и да го продаде Роналдо, но не верувам дека можете играч од калибарот на ЦР7 да го продадете во последните 7 дена од трансфер периодот. Мислам дека Роналдо ќе остане уште една година, и се надевам дека Алегри ќе знае како да го искористи“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×