Челси ова лето ќе се ослободи од уште двајца фудбалери, заминуваат и Бакајоко и Запакоста.
Бакајоко во 2017 во Челси пристигна од Монако како големо засилување за 40 милиони фунти, но не се вклопи во тимот па беше испраќан на позајмици во Милан, Монако и Наполи.
Во Милан играше во сезоната 2018-19, па росонерите сакаат да го вратат. Информациите велат дека тие се блиску до договор со Челси за уште една позајмица, но овојпат со опција за перманентен трансфер.
Запакоста исто така се пресели во Челси во 2017 година, а последните две сезони беше позајмен, најпрво во Рома, а потоа во Џенова.
Фиорентина преговараше со Челси за позајмица на Запакоста, но битката ја добила Аталанта и наскоро тој ќе потпише за нив.