Роналдо ќе се врати во Манчестер, но во синиот дел?

by
1 минути читање

Роналдо на негово инсистирање натпреварот против Удинезе го почна од клупата за резерви. Португалецот тоа го направи за да се зачува за евентуален трансфер пред крајот на преодниот рок.

Торинскиот весник, „Тутоспорт“ денеска пишува дека Роналдо би можел да се пресели во Манчестер Сити, со што би ги разочарал фановите на Манчестер јунајтед.

Манчестер Сити е во потрага по напаѓач, нивна прва цел е Хари Кејн, но Тотнем никако да попушти, па реално е овој трансфер да не се случи.

Втора опција на Гвардиола е Кристијано Роналдо кој лани имаше разочарувачки крај на сезоната, а Португалецот е фудбалер кој сака да освојува трофеи и да ги подобрува сопствените бројки. Во Манчестер Сити има тим кој може да му го овозможи тоа.

Според италијанскиот медиум, Јувентус во обратен правец како дел од трансферот ќе го побара Габриел Жесус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×