196
Планот на Интер е да ангажира двајца напаѓачи по заминувањето на Лукаку, едниот е Един Џеко, а по вториот се уште се трага.
Нероазурите се поврзуваа со Запата од Аталанта и Кореа од Лацио, но синоќа преговарале со Торино за ангажман на Белоти.
Торино бара 20-22 милиони евра плус бонуси, опеација која е најевтина за Интер.
Белоти има уште една сезона од договорот со Торино, па се чини дека клубот ќе мора да го продаде ако не сака да го загуби како слободен играч во следниот летен преоден рок.
Тој факт ја прави позицијата на Интер во преговорите многу подобра.